Костурица седеше на иста маса со Путин: Му реков дека слободно може да стави ракети во мојот двор

Истакнатиот српски режисер, Емир Костурица седеше на иста маса со рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прослава по повод 10-годишнината од постоењето на телевизијата „Русија денес“.

putin-kosturica-640x430

Костируца за српски Курир изјавил дека за време на прославата тој успеал да поразговара со шефот на руската држава, на кој му рекол дека слободно може да постави ракети во неговиот двор.

-Со претседателот Путин вчера разговарав во Москва, за време на прославата за 10-годишнината од постоењето на „Русија денес“. Разговаравме на повеќе теми, како и за поставувањето на руска база на Балканот, односно во Србија. Јас му предложив, да ги постави ракетите во мојот двор, објаснил тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.