На 24 септември 2021 /петок/ во 19.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи КУД „Бисер“ од Кичево. Концертот е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура.
КУД „Бисер“ е изникнато од традицијата, пренесена преку песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот, гајдата. Сепак тоа се оригинални поставки на древниот македонски бит, преработени со модерни кореографски пристапи.
Највредното од ансамблот се нивните носии, кои се оригинални одежди на нивните предци, на нивните баби кога биле невести и нивните дедовци кога биле комити. Токму тоа е вредноста која треба да се пренесе на следните генерации.
Ансамблот своето знаење го вгради во многу кореографии кои ќе останат пример за идните генерации како треба да се почитува, сака и одржува традицијата на македонскиот народ.
КУД „Биссер“ има настапувано на бројни фестивали низ земјата и странство.