Компанијата „Стара Фурна“ од Прилеп – вистински доказ за успешните мерки на Владата и АВРМ

6695-kompanijata-stara-furna-od-prilep-vistinski-dokaz-za-uspeshnite-merki-na-vladata-i-avrm-960x600-3

Од обична мала фирма со само еден вработен и грант од 3.000 евра, кој сопствениците на фирмата „Стара Фурна“ од Прилеп го добиле преку мерките за самовработување од АВРМ, во 2012 година, денес „Стара Фурна“, прерасна во компанија која отвори уште два нови објекти во индустриската зона „Прилеп 1“ и моментално има 39 вработени. Таа е вистинска успешна бизнис приказна која е доказ за успешноста на мерките кои преземаат Владата и АВРМ за намалување на невработеноста во Македонија. Сопственикот Владимир Апостолоски вели дека наскоро планира отворање на нови работни места.

1

„Ние како релативно млада фирма планираме во скора иднина да отвориме од 12 до 13 нови работни места, со тоа што сакаме во оваа индустриска зона „Прилеп 1“, која наголемо се развива, да отвориме и млечен ресторан. Моментално испорачуваме леб во Прилеп, Кавадарци и Велес, комплетното производство изнесува околу 10.000 парчиња на ден“, истакна Владимир Апостолоски, сопственик на фирмата „Стара Фурна“.

2

Денеска оваа компанија ја посетија министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и директорт на АВРМ, Владо Попоски.

„Оваа компанија може да послужи како пример и за другите компании и поединци кои имаат намера да развиваат сопствен бизнис и ова е показател дека оперативните планови и активните мерки кои што се во делот на развивање на бизнис и намалување на невработеноста се успешни. И мислам дека и во наредниот период ќе помогнеме, преку оперативните мерки на Владата, луѓето да се вработат, но и компаниите да го развиваат поуспешно својот бизнис. Нема да застанеме тука, се што можеме да им помогнеме на компаниите за унапредување на бизнисот и преминување преку одредени тешкотии ние како Влада и Министерство за труд и социјална политика секогаш им стоиме на располагање“, кажа Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика.

3

Инаку вчера Владата го усвои новиот 11-ти по ред оперативен план за активни мерки предложени за вработување и за условите на пазарот на труд, со што за овој план се предвидени околу 870 милиони денари, или 14,2 милиони евра, од кои 74 милиони денари се директно од ЕУ, преку третиот грант за поддршка за вработување на млади до 29 години. Планот тежи 2,6 милиони евра повеќе за разлика од лани и со него се планира да се отворат нови 10.000 работни места во Македонија, од кои 5.000 преку проектот „Македонија вработува 2“. Директорот на АВРМ, Владо Попоски, рече дека низ целиот оперативен план тие ги следеле оние бизниси кои што се формирале преку овие мерки, се следело тоа да се формираат нови бизниси, да се поттикне претприемачкиот дух, а воедно и да им се помогнело на тешко ранливите групи да се вработат со субвенции за вработување или преку субвенцијата за условен паричен надоместок со што директно се таргетирало до граѓаните со социјален ризик.

4

„Оваа компанија „Стара Фурна“ кога се отвори во 2012 година, покрај парите, основачот доби и обука за претприемништво со тоа што низ годините ние го следевме и го упатувавме која наредна мерка може да ја користи. Така што лани оваа компанија доби награда за една од најбрзорастечките компании т.н. „газели“, со што доби 10.000 евра и можност да вработи 4 лица преку таа програма. Се надевам дека и оваа година, компанијата и основачот ќе учествуваат во дел од мерките кои ги нудиме. Ги повикувам сите оние компании и бизниси кои негуваат традиционални занаети оваа година да ни помогнат да се вклучат во оперативниот план затоа што ние ќе ги финансираме обуките и вработените да дојдат до квалитетен занает и нормално да ги исфинансираме да отворат сопствен бизнис. Во овој момент 43.744 лица сеуште се во работен однос, независно дали биле вработени преку проектите „Македонија вработува 1“, „Македонија вработува 2“ или преку вработување на млади до 29 години со ослободување на придонеси. Така што овие бројки ни даваат стимул уште повеќе да вложуваме во активните мерки и програми, со што на крајот ќе ја намалиме и невработеноста во Македонија“, истакна Владо Попоски, директор на АВРМ.

6

Инаку оваа компанија ги отвори своите два нови погони во индустриската зона „Прилеп 1“, каде претходно ексресно беа продадени 21 локација, а во тек на градба се и нови 7 објекти. Локалната самоуправа од Прилеп во оваа зона има вложено над 1 милион евра за изградба на инфраструктура.

5

„Направена е комплетната инфраструктура до самите објекти, а на оние фирми пак што веќе се при крај со добивањето на потребната документација или започнуваат со градбите локалната самоуправа на сите ќе им овозможи комплетна инфраструктура, започнувајќи од водовод, канализација, пристапни патеки, електрично осветлување. Што значи дека покрај тоа што локалната самоуправа од Прилеп досега има вложено околу 1 милион евра за изградба на инфраструктурата и пристап на сите објекти кои започнале, ние продолжуваме со докомплетирање на зоната, но ќе продолжиме и со градба на инфраструктурата во индустриските зони „Прилеп 2“, „Прилеп 3“, рече Илија Карески, раководител на сектор за урбанизам во Прилеп.

Во иднина се планира оваа индустриска зона „Прилеп 1“ да биде вистински пример како треба да изгледа една современа индустриска зона градена според сите европски стандарди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.