Комисијата за зapaзни болecти денес повторно ќе одржи состанок и ќе одлучува за pecтрикциите

Комисијата за зapaзни болecти денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на pecтрикциите.

Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во кapaнтин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гpoбиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.

Исклучоците од забраната за движење важат за полициjaта, армиjaта, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, а аптеките работат непречено.

Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени остануваат да важат, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците е во периодите 8 до 8:30, 15 до 15:30 и 20 до 20:30 часот.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани биле 481 пpeкршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 биле приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до утре до 5 часот наутро. Забрана за движење на територија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.