Командант на УЧK станал диpeктор па му наредил на вработените да ги остранат сите верски и национални симболи

Вистински шок доживеале вработените во Агенцијата за иселеништво откако пред неколку дена добиле циркуларен меил во кој од заменик директорот добиле во најмала рака чудна забелешка. Имено заменик директорот на Агенцијата, Измит Нура побарал од вработените да ги отстранат сите крстови, икони и национални симболи од своите канцеларии, пренесува Инфомакс.

-По барање на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Измит Нура, ве замолувам да ги тргнете од канцелариите сите национални и верски артефакти. Ви благодарам за соработката.

Функционерот на ДУИ Измит Нура претходно беше директор во Агенција за млади и спорт, а неговото име за прв пат ја разбранува јавноста кога се пофали дека гласал на предвремените избори на Косово.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.