„Како се станува цар“- прилепските актери ќе раскажат во Штип

kakosestanuvaa

Театарот „Војдан Чернодрински“, вечерва со претставата за деца „Како се станува Цар“ од Афродита Кирјаковска, во режија на Кирил Петрески гостува во Штип на детскиот театарски фестивал “Малиот принц“.

Најмладите во Штип ќе можат да уживаат во претставата работена по домашен драмски текст за деца. Целиот текст е напишан во стих и тоа на некој начин дополнително ја мобилизира актерската екипа.

Приказната е сместена во малиот свет на инсектите на дворецот на Царот Дувниветре, но сепак, раскажува за потребата од човечки вредности: љубов, другарство, дарежливост, искреност. Во претставата играат: Цар Дувниветре – Најдо Тодески, Ветрушка – Виолета Чакарова, Штурецот – Зоран Иваноски, Мувата Ѕунѕарка – Марија Спиркоска – Илијоска, Првата Пчела – Наташа Наумоска, Втората Пчела – Ангела Наумоска, Мравката – Димитар Георгиевски и Бумбарот – Михајло Миленкоски.

Костимографијата е на Даниела Настоска, музиката ја компонираше Томе Темелкоски. Сценографијата е на режисерот Петрески и Пеце Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.