Тлото околу Дебар и Гостивар е најризично за земјотреси, определи првата светска мапа што ја изработи непрофитната организација ГЕМ (Global Earthquake Model), со седиште во Италија. Од друга страна регионот околу Кочани, Крива Паланка, Светиниколе и Пробиштип е најстабилен.
Трите мапи, кои се резултат на долгорочни меѓународни напори и ќе се обновуваат секоја година, откриваат кои области на земјата се повеќе подложни на земјотреси, и каде би имало најголеми штети на објектите од сеизмичкиот феномен.
Извор: “Лидер”