Ирина Јованоска од ООУ “Добре Јованоски” државен првак во стрелаштвто

1

Ученичката Ирина Јованоска од VIII-1 одделение од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, на Државното првенство по стрелаштво кое се одржа на 18.11.2016 година во Охрид, во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија го освои првото место со испукани 176 поени.

Воедно овој резултат е и најдобриот резултат постигнат на ова државно првенство во сите категории и тоа и во категорија основни училишта и во категорија средни училишта.

2

Ова е уште една во низата први награди за учениците од ова училиште, а за тоа заслужни се и менторите кои посветено и активно работат со нив.

Честитки за ученичката и нејзиниот ментор, наставникот по Физичко и здравствено образование Златко Думбалоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.