Иако ваквите случувања се карактеристични за јужноамериканскиот фудбал! Сепак, и во Азија знаат најпопуларниот спорт на светот да го обојат со спекатакл, емоција и страст… Мечот од Техеран, што селекцијата на Иран го играше против Катар, во квалификациите за Мундијалот во Русија, изобилувал со се’ и сешто. Но, комплетната слика значи само едно, а тоа е спектакл!
На трибините на националниот стадион имало 95.000 луѓе. Сите очекувале победа на Иран, до која домашниот тим дојде во третата минута од судиското продолжение. После водечкиот гол, настанал целосен делириум. На крајот Иран го постигна и вториот гол, а мечот се завршил и со тепачка на теренот.
Погледнете како се сака фудбалот во Иран:
А.Г.