“Инфомакс”: НЕ ПОМАГААТ НАРАЧАНИТЕ АНКЕТИ – Онлајн анкетите укажуваат на масовен бојкот на референдумот

На владата на СДСМ не и помогнаа милионите евра потрошени за владин ПР, ниту пак за пропаганда, за странски компании кои треба да го цензурираат јавното мислење, онлајн анкетите и понатаму укажуваат дека граѓаните масовно ќе го бојкотираат престојниот референдум за самоукинување – пишува порталот “Инфомакс”.

Ниту пак нарачаните и дебело платени анкети од Бихаќа не влијаеa и не го променија јавното мислење, а последната онлајн акета вели дека огромни 76 проценти од граѓаните ќе го бојкотираат референдумот – додаваат од “Инфомакс”.

Интересно е што како што започна кампањата на владата и беа испратени заканувачките пораки  од странски емисари, голем број амабасадори започнаа да не убедуваат да си го смениме името граѓаните како за инает во се поголем број велат дека на 30-ти септември ќе го бојкотираат референдумот. По се изгледа дека последните понижувачки настани за македонскиот народ го разбудија непокорот во него, владата на Заев го разбуди тој заспан ген на Македонецот – завршуваат од “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.