Во Владата ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари во владата, соопшти денеска рече првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на денешната прес-конференција.
Тој рече дека неговата партија ги добива заменик министерските места во ресорите внатрешни работи, одбрана, транспорт и врски, правда и здравство.
Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе се знаат и имињата на новите владини функционери.
Спооред вицепремиерот, директорските места се уште не се поделени иако медиумите веќе пренесуваат дека ДУИ ги добива МЕПСО, АЕК, Финансова полиција, Биро за јавна безбедност, Фонд за здравство и редица други директоркски и раководни места.
CДCM го ocвежи ДУИ co низа големи диpeктopcки мecта: БJБ, Финанcoва полициja, Железници, MEПCO….