(Фејсбук статус на Влатко Атанасоски)
“Продолжува „шопинг треската„ во Општината и јавните претпријатија од Прилеп. Речиси еден милион евра ќе бидат платени за четири автобуси на погоско гориво CNG-метан кои се набавени од Аутомакедонија АД Скопје. Во договорот и понудата нема тип, производител на автобусите. Инаку воведувањето на овие автобуси како опција за јавен превоз, според последните научни истражувања не само што се неефикасен начин за намалување на емисијата на (Green House Gas -GHG) штетните гасови, не само што е исклучително скап метод, туку овие автобуси се е и помалку безбедни за патниците зашто имаат повисок ризик фактор во случај на пожар! Ама Прилеп за жал останува без критичка јавност, без граѓански здруженија кои следат, анализираат, без научна јавност која се вклучува во локалниот менаџмент со градските ресурси…Советот и градоначалникот носат одлуки без консултација со граѓаните…на таква основа нема изгледи за напредок, нема изгледи за повисок степен на инклузија на граѓаните…SMART CITY без дилема!”