Изложба на дела од уметниците од ДЛУБ

3

Изложба на дела од уметниците од  ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници од Битола) ќе биде отворена во петок, 29 јануари 2016 година, од 19 часот во галеријата во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Ќе бидат изложени дела од 17 уметници, членови на ДЛУБ, меѓу кои ќе се најдат: Драган Најденовски, Димитар Солакоски, Панде Петровски, Данчо Ордев, Павле Кузмановски, Ема Ѓука, Илија Кочовски, Стефан Цигаридов, Дејан Кратевски, Мирјана Крстева Масети…

1

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат дела изработени во најразлична техника, и тоа: масло на платно, цртежи, колажи…

Изложбата на дела од ДЛУБ е дел од програмата за работа на ЦК “Марко Цепенков,, за годинава, одобрена од Министерството за култура.

pokana jpg




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.