Човек од Тексас и ја отсече главата на една ѕвечарка, а змијата потоа го касна. Потребни биле 26 дози противотров за да преживее.
Како што изјави Џенифер Сатклиф, нејзиниот сопруг работел во градината и здогледал ѕвечарка долга 1.25 метри, на која потоа и ја отсекол главата.
Кога ги собрал остатоците од змијата, тој бил каснат од главата на змијата, бидејќи рефлексот за касање кај змиите трае и неколку часа откако се убиени.
Џенифер вели дека нејзиниот сопруг веднаш добил напад, поради што бил префрлен во болница каде примил 26 дози противотров.
Повеќе од една недела било потребно за човекот повторно да се врати во стабилна состојба, но и понатаму имал послаба функција на бубрезите.