И ова дете заслужува безгрижно детство: Родителите на Борјан бараат помош од хуманите граѓани

Трајанчо и Ане Гигови од Скопје апелираат до хуманите граѓани за помош за нивниот шестгодишен син, Борјан, кој треба да замине на лекување во Германија.

Малиот Борјан има повеќе дијагнози – аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот.

Со цел за подобрување на неговата здравствена состојба, веќе е договорен третман со матични клетки, што чини 23.000 евра.

Родителите не се во можност да ја обезбедат оваа сума, затоа апелираат до граѓаните, доколку можат да донираат на следните донациски броеви:

143 177 – за корисниците на Телеком

143 471 – за корисниците на ВИП




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.