Вчера, во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ беше отворен турнирот во баскет „Гоце Делчев“.
Турнирот, се организира по повод 60- годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“ и ќе трае до недела, седми февруари.
Турнирот побуди голем интерес. Учество земаат, 40 екипи кои се поделени во три возрасни категории: натпреварувачи до 18 години, од 19 до 40 години и натпреварувачи над 40 години. Пријавувањето беше бесплатно, а најдобрите три екипи од секоја возрасна категорија ќе бидат наградени.