Утре, сабота, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе се сретнат со стопанствениците од Пелагонискиот регион, односно со членките од Регионалната комора со седиште во Прилеп и Регионалната комора со седиште во Битола.
На средбата ќе и’ претходи средба со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
Делегацијата предводена од премиерот Заев, ќе изврши увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола, во месноста Беловодица.
Токму од Прилеп во пресрет на парламентарните избори во 2016 година, Заев ја најави двојазичноста на Македонија.