За што ќе одговараат напаѓачите на Саздо ќе одлучи Јавен обвинител

Полицијата минатата недела во полицискиот билтен објави дека осомничените ќе се гонат за кривично дело насилство

„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода. “ – стои во соопштението објавено на веб страната на МВР.

Денеска од полицијата не сакаа да ја коментираат оваа пријава. Велат дека се е во рацете на обвинителството.

„Во врска со настанот од 29.06.2018, Министерството за внатрешни работи уште еднаш потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информиравме и јавноста. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје. “ – изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Согласно Законот сега на потег е Јавното Обвинителство кое најверојатно и ќе ја преиначи кривичната пријава на МВР, а осомничените на суд најверојатно ќе одговараат за потешко дело.

21 годишниот Саздо утрово почина на КАРИЛ во Скопје како последица на тешките повреди кои ги доби за време на нападот кој се случи на 29 јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.