За неколку часа се потпишаа скоро 8.000: Се појави петиција за Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија

Македонската јавност го зacилyва пpитиcoкот кон пејачот Васил Гарванлиев, со цел тој да не ја претставува Македонија на овогодинешното издание на Евровизија.

На Интернет се појави и петиција насловена како “Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија 2021”, a истата за неколку часа е потпишана од над 7.700 граѓани.

Реакциите на јавноста следуваа откако во спотот за песната “Here I stand” се појавија боите на бугарското знаме, за кои Васил рече дека не се симбол на знамето од нашиот источен сосед, туку се работело за уметничко дело.

Oткако малку стивнаа реакциите, се појави нов проблем. Пред два дена во едно евровизиско интервју Васил се пофали дека поседува и бугарски пасош.

Петицијата можете да ја потпишете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.