Орхидеата е една од најубавите собни билки. Главно ја купуваме кога е во цвет. Со текот на времето, цветовите отпаѓаат и после долг изминат период – орхидеата не процветува.
Просечната должина на цветање на орхидејата Falenopsis е три месеци. Обично цвета два или три пати годишно. Паузата помеѓу цветањето може да биде одложена и неколку месеци.
За да уживате по честото цветање на оваа билка, ќе ви помогнат следните совети.
Направете температурна разлика за орхидеата: ставете ја саксијата преку ноќ на поладно место (до 15 степени).
-Намалете ја количината на азот во прихраната. Фосфорот треба да има предност, бидејќи, во суштина овој минерал го стимулира цветањето.
-Навлажнувајте го воздухот околу билката.
-Преместете ја саксијата со орхидеја на некое темно место – 5 дена. За три седмици орхидејата треба да пушти пупки. Овој начин е погоден само за возрасни и здрави билки.
-Наместо полевање се препорачува во саксијата со орхидеја да се стават неколку коцки мраз, па така, таа побрзо ќе процвета.
-Ако забележите дека кај нерасцветаната орхидеја активно растат корења и листови, значи дека има одговарачки начин на развој. Додека овој период не заврши, билката нема да процвета. Бидете трпеливи.
Најважната работа – обезбедете и одговарачка нега. Таа сака многу светлина и се плаши од претерана влага. За време на цветањето се полева по малку, двапати седмично, а за време на мирување – доволно е еднаш седмично.