Здравјето на вработените за нив е неприкосновено! ВИТАМИНКА организираше предавање на тема “Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите” (ФОТО)

Како дел од грижата на Витаминка за своите вработени, постојано презема активности во чиј фокус се здравјето и добросостојбата на вработените. Со истата цел денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“.

Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и за превентивното делување.

Предавањето беше во организација на Витаминка и Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски Прилеп, а пред вработените опасностите по машкото здравје од различни аспекти беа претставени од предавачите Петра Лукароска, претседател на Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ Алфамед Прилеп, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.