“Жално…критичарите денес промотори на “Пивофест”? До лани вашар и сељачана, сега културна придобивка??”

Ланските жестоки критичари на “Пивофест” денес седат во удобните фотељи на Општина Прилеп.

Кој како пи ар стратег, кој советник, ама од четврток битно нема да им смета чадот во центарот на Прилеп, турбофолк “шлајмот”, кичот и вашарот?

Ги нема и “аналитичарите” кои бараа под итно да се прекине оваа манифестација…?

Она што беше критикувано како најголем кич, како катастрофа што му се случува на Прилеп во овие четири дена, денеска се претставува како најголем музички настан во државата и како културна манифестација.

До само пред една година критики летаа на сите страни. Се пишуваа колумнни, се пуштаа спинови дека поради невреме се одложува програмата, се ширеше негативна кампања по социјалните мрежи, а денеска истите луѓе како да ги фати некоја амнезија, па фестивалот во Прилеп го претставуваат како мега настан.

Требаше да дојдат на власт за да признаат дека фестивалот има континуитет и изградено реноме, а тој континуитет треба да се следи.

Но, дали си стојат на зборот?

Одговорот е НЕ!

Истите луѓе ветуваа многу новини за фестивалот, нешто на што сега заборавија, па организацијата останува иста. “Пивофест” и оваа година ќе се одржи во централното градско подрачје, а во паркот на Могила ќе има поставено кампинг простор.

“За оваа манифестација, Советот на Општина Прилеп од општинскиот буџет оддвои 2.5 милиони денари”, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и додаде дека освен како културна манифестација, Прилеп ќе биде туристичка дестинација тие четири денови и дека сите патишта во Република Македонија ќе водат кон Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.