Економскиот факултет од Прилеп одбележува 55 години од своето постоење

Со богата програма и голем број на активности, оваа година Економскиот факултет од Прилеп одбележува 55 години од своето постоење
„Овој јубилеј го одбележуваме со низа манифестации и случувања. Имавме предавања од страна на истакнати стручни лица и претставници на бизнис секторот, се организираа разни спортски натпревари со студентите, имавме изложба на слики од 55 годишното постоење на факултетот, организиравме културни манифестации, крводарителска акција, има направено едно катче каде се изложени сите успеси на нашите студенти, а исто така и во подготовка е едно јубилејно издание на списанието „Еквилибриум“ во кое ќе бидат сместени некои текстови од професорите и слики од постоењето на факултетот, посочи Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет во Прилеп.

Економскиот факултет ги отвара вратите за сите заинтересирани студенти, кои сакаат да се стекнат со соодветно, квалитетно и врвно образование.

[Best_Wordpress_Gallery id=”93″ gal_title=”EkonomskiFakultet”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.