Вчера околу 13 часот се одвивала вистинска драма во Медицинскиот Центар во Кичево кога било донесено едногодишно девојче со прострелна рана од пиштол во натколеницата. Според податоците од полицијата, откриено е дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути на улицата Васил Главинов, во семејната куќа на Р.М. 17-годишно момче со пиштол испукал куршум и го погодил детето.
Поради серизоноста на повредите малото било пренесено во Ургентниот Центар во Скопје.
Полицијата го расветлува случајот.