Европскиот суд на правдата денеска донесе одлука дека Чешка, Унгарија и Полска го прекршиле законот на ЕУ со тоа што одбиваа да се придржуваат кон програмите за бегалски квоти според кои требаше да примат одреден број бегалци, откако во бегалската криза во 2015 повеќе од еден милион мигранти влегоа во ЕУ.
Во итна постапка во 2015 година, земјите-членки на ЕУ се согласија да преместат околу 160.000 бегалци од Италија и Грција, кои беа погодени од големиот прилив на мигранти.
Пет години подоцна, Грција сè уште се бори да го префрли товарот и илјадници луѓе се уште се во многу лоши услови на грчките острови. Одлуката за „привремено преместување“ беше донесена со гласање за кое беше потребно двотретинско мнозинство земји-членки на ЕУ.
Чешката Република, Унгарија и Полска беа меѓу мала група на држави што гласаа против.
На крајот, само околу 40.000 бегалци беа преселени.
Чешката Република, Унгарија и Полска не згрижија речиси ниту еден бегалец во текот на двете години додека програмата беше во функција.
Европскиот суд на правдата во својата пресуда рече дека „со одбивањето да се придржуваат кон привремените механизми за преместување на апликантите за меѓународна заштита, Полска, Унгарија и Чешката Република не успеаја да ги исполнат своите обврски според законот на Европската унија“.
Трите држави тврдеа дека тоа е одговорност на самите земји на ЕУ, а не на комисијата, која ја состави шемата на квотата и ги изведе земјите пред лицето на правдата..
Извро: “Експрес.мк”