Еве што мисли премиерот на Австрија! Кога ќе започнат нормалните туристички патувања

Австрискиот канцелар Себастијан Курц им се обрати на граѓаните и истакна дека оваа година треба да се избегнат летните одмори, за да не се увезе повторно корона вирусот во Австрија и нагласи дека слободата на патувањата ќе изгледа поразлично, односно ќе зависи од тоа дали во земјите кои сакате да ги посетите постои закана од вирус.

-Ќе имаме поразлина слобода на патувањата, која ќе зависи од ситуацијата во одредени држави, нагласи Курц о интервјуто за виенскиот весник “Хојте”.

За да се спречи втор бран на оваа инфекција во Австрија, кој би можел да биде и полош од актуелниот, Курц вели дека се додека не постои вакцина, точни брзи тестови или делотворни лекови, оваа болест ќе не следи, поради тоа ќе ја немаме неограничената слобода на патувањата какви што ги познававме.

– Ќе има држави во кои вирусот не е проблем и држави каде опасноста ќе биде присутна. Ќе зависи од ситуацијата во одредени држави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.