Интересна идеја објавија на Фејсбук страната на познатата “Рок Кафана Рустикана” во Скопје. Во време кога сите угостители и локали се затворени, ова можеби е најоригиналниот начин истите да заработат.
“Драги другарки и другари, како што веќе знаете Рустикана е целосно затворена поради Ковид19 и се надеваме дека набрзо тоа ќе се смени и ќе продолжиме таму каде што застанавме. Тимот на Рустикана е дома и поминуваме квалитетно време со најблиските, завршуваме некои ситници кои ни се провлекуваат подолг период и паралелно размислуваме за идеи како да ве пречекаме кога сè ова ќе заврши.
.
Една работа која во моментов можеме да ја направиме е да си помогнеме едни на други. Додека сме затворени во продажба пуштаме gift cards или ваучери кои вие би можеле сега да ги купите, а да ги користите кога ќе почнеме со работа. Ваучерите се во вредност од 500 и 1000 денари – а чинат 400 и 800 денари. Вие како дел од нашето семејство би ни помогнале да ја поминеме кризата, а ние ќе ви бидеме благодарни со 20% намалување на вашата сметка.
.
Сите кои сте заинтересирани за купување на gift cards пишете ни порака, ќе добиете трансакциска сметка и било какви детали кои би ве интересирале околу користењето на истите ваучери“, напишаа од “Рок Кафана Рустикана” на Фејсбук.
Ова нека биде еден мотив плус до сите сопственици на локали, ресторани, хотели и слично, или пак нека смислат нешто уште подобро од ова.