Еве какво време нè очекува во следните денови

– Врнежите од дожд што ја зафатија Македонија кон крајот на денот наместа ќе престанат, а веќе од среда се очекува стабилизација на времето со пораст на дневните температури.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во текот на утрешниот ден ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Стабилизација на времето ќе има од среда кога се очекува и пораст на дневната температура која ќе се движи од 27 до 33 степени. Топлото време ќе се задржи до крајот на неделата, а дневните температури ќе бидат во интервал од 26 до 36 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.