Една малку подзаборавена, но преубава прилепска песна во која се се опева прилепската земјоделска мака – тутунот.
Песната е дело на легендарните “Прилепски еснаф” каде членуваа: Ачкоски Ѓорѓија (вокал), Тумбески Никола (виолина), Ачкоски Дејан (хармоника), Бунтески Славчо (гитара) и Димитриоски Жарко (бас).
“Добро утро Прилепе мој те чека третата рака, кој што не бил на зелено море не знае што е мака” – oва се стиховите кои тука и таму низ прилепските ниви се слушаат во летниот период кога се бере жолтото прилепско злато.
Уживајте во прекрасната мелодија во продолжение: