Денот на Армијата на Република Македонија, 18.Август, денеска беше одбележан
и во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Свое обраќање имаше командантот на гарнизонот, потполковник Ивица Цветковски.
„АРМ е тука кога е најтешко, во првите редови во заштита на граѓаните и одржувањето на безбедноста и мирот. Клучна улога во справување со предизвиците на денешното време, како што е бегалската криза и ангажирањето на АРМ на јужната и северната граница во асистенција и поддршка на силите на МВР, чие ангажирање продолжува и понатаму, имаше и се’ уште има Армијата на Република Македонија. Не само што го чува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на државата, туку ја зацврсти и националната безбедност и сигурност на македонските граѓани“, истакна во своето обраќање потполковник Ивица Цветковски.