Мет и Џулија се млад пар oд Англија кој патува низ светот и ги пренесуваат нивните искуства на нивниот јутјуб канал Matt and Julia.
Во декември минатата година дале отказ од работа и го продале својот имот, па решиле со неколку куфери да патуваат и да го истражуваат светот.
Неодамна беа во Македонија и ги посетиле Скопје, Крушево, Преспа и Охрид, а нивното видување на нашите убавини треба да ве натера што повеќе да си ја сакате Македонија.
Мет и Џулија се буквално фасцинирани од Македонија, од природните убавини, храната, знаменитостите…
Видеата го прикажуваат нивното доживување во Македонија започнувајќи од Скопје, каде го посетија и Кањонот Матка. Потоа се упатуваат до Крушево, а попат застануваат и во Маврово.
За Крушево прво мислат дека е село, а потоа се извинуваат на нивните следбеници и на најдобар можен начин го претставуваат прекрасниот македонски туристички центар.
На Преспанското езеро ја посетуваат плажата во Долно Дупени и велат дека е прекрасна.
На крајот се упатуваат до Охрид, каде шетаат низ стариот дел на градот, ја посетуваат Самоиловата тврдина, манастирот Св. Јован Канео, а патувањето ќе го продолжат во соседните балкански држави.