Д-р Нико Беќаровски со објава на својот Фејсбук профил им се обрати на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори и им предложи парите наменети за изборни кампањи да ги пренаменат за брзи тестови за ковид-19 во училиштата.
– Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази, парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17 октомври да не „правам ајвар“, напиша д-р Беќаровски.