Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил ја објави песната од Блаже Конески „Молитва“.
Дел од стиховите на истата песна се следни:
„Тие се мислат повикани да водат како Мојсија и другите пророци, а самите не можат да се ослободат и влечат по себе ситни пороци. Дај Господе, што помалку очите да им ги бодам – штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам.“