Грми во соблекувалната на Победа: Се слави пласман во Прва лига – најфудбалскиот град се врати каде што му е местото!

На едно коло до крајот на сезоната Победа го завери првото место на табелата во рамките на Втората лига – Исток, и после подолго време се враќа во најелитното фудбалско друштво кај нас.

Денеска на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп Победа триумфираше со 2:0 над Кит-Го од Пехчево, а по поразот на Слога кај Беласица, последниот натпревар идната недела во Виница за прилепчани ќе биде само формалност.

После натпреварот грмеше соблекувалната на црвено-белите кои го докажаа квалитетот над останатите екипи.

Погледнете ја атмосферата и славјето на фудбалерите на Победа ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.