Eурофарм Пелистер вечерва со почеток од 19:00ч. во салата “Боро Чурлески” го дочекува Вардар, во клучниот натпревар за титулата во ракометната Супер лига.
Пелистерци ги поразија црвено-црните во Скопје, па цела Битола очекува нов позитивен резултат и вечерва на домашен терен.
Пред платото на Офицерскиот дом се загрева голема група на навивачи и љубители на ракометот. Салата беше распродадена за 15 минути, па се очекува пеколна атмосфера и одличен натпревар.