Пред повеќе од еден месец тетовското семејство Дестани, преку компанијата „Еколог“, донираше 100 таблет компјутери за учениците од социјално загрозените семејства во Прилеп.
Беше потенцирано дека целта на донацијата е да се ублажи предизвикот на многу ученици, кои заради пандемиjaта мораат онлајн да ја следат наставата, но поради недостиг на соодветна дигитална опрема, не се во можност тоа да го направат.
Донацијата во општина Прилеп градоначалникот Илија Јованоски ја прими на 30 април, а денеска сме 5 јуни и сеуште нема известување кој доби нов таблет.
Граѓани деновиве прашуваат дали и на кој начин се поделени овие таблет компјутери и дали општината и градоначалникот ќе објават каде завршиле.