“Грандиозен мегапроект на битолската градоначалничка? Набави помошно црево?”

Продолжуваат мега проектите во општина Битола

По неодамнешниот пожар кој ја зафати околината на селото Ротино, а се закануваше да се прошири и кон боровата шума во Националниот Парк „Пелистер“, превентивно е обезбедено црево (PE100-da110 , L=200 m) за дотур на вода во селото, кое ќе биде приклучено на каптажа до селската чешма.

За време на пожарот кој избувна на 26 март годинава, градоначалничката Наташа Петровска веднаш излезе на терен и разговараше со месното население, по што се бараше решение повеќе за превенција од вакви немили настани.

Во таа насока е обезбедено и ова црево од страна на Општина Битола, во соработка со ЈКП „Водовод“.

Главната намена на ова црево е дотур на свежа и питка вода за населението и посетителите, а истовремено се обезбедува и заштита од пожари.

Извор: “www.bitola.gov.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.