Градот сега го доби и надимакот ” Град на диносауруси”.
Во кинескиот град Хејуан пронајдени се илјадници јајца на диносауруси во последните неколку децении, а сега нивната колекција повторно се зголеми.
Од 1996 година во градот се откриени 17.000 фосилизирани јајца и многу од нив биле пронајдени од обични луѓе а не од научници. Всушност, првите јајца биле пронајдени од група на деца кои си играле на местата каде што имало градежни активности.
19 јајца биле целосно зачувани и ќе бидат испратени на тестирање од научниците. Претходните јајца кои биле пронајдени во овој град, потекнувале од пред 89 милони години.
МАРКУКУЛЕ.МК