Последните успеси на младиот параглајдерист од Прилеп, Борјан Јованоски, му го донесоа високото трето место на светската ранг листа во параглајдинг.
Борјан Јованоски е шампион со докажан квалитет и спортист кој заслужува громогласен аплауз од сите!
Ова е успех кој треба да одекне во целата јавност, затоа што за прв пат имаме спортист од Прилеп кој на светско ниво котира толку високо.
Борјан е дел од параглајдинг клубот “Делта”, а токму овој клуб и успесите на Борјан, неговиот брат Мартин и неговиот татко Миле Јованоски, се најзаслужни што Македонија котира на осмото место во светот.