Голем хуманитарен концерт во вторник во Прилеп: Да бидеме хумани и да помогнеме од срце!

Во вторник (16.04.2019), со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство.

На сцената во домот на културата ќе настапат: Димитар Андоновски и Тајфата, The Hounds, Елена Хаџи Спироска, Евгенија Кузманоска, Марија Ристеска и Ангел Ѓорѓиоски.

Цената на билетите изнесува 60 денари.

Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот Крст на Р. Македонија.

Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностие на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.