Во периодот од 16 до 24 ноември, во градот Елк во Полска, во организација на програмата за образование, обуки, млади и спорт „Erasmus+“ реализиран беше проектот “DeterminateYOUrself”. Во реализацијата на проектот учествуваа вкупно 24 учесници (од кои и три тренери) од 10 држави и тоа: Македонија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Грција, Естонија, Словенија, Чешка и Литванија.
Во проектот учествуваа и нашите ученици Анастасија Ристеска и Доротеа Дамјановска заедно со менторот, професорката Христина Манческа.
Целта на проектот беше „Психогимнастика“ „Streetworking“ како алатка за помош на лицата отфрлени од заедницата, како и размена на искуства, знаење и информации поврзани со проблемите на лицата отфрлени од заедницата и наоѓање начини за решавање на истите.
„Цело време ни беше исполнето со работилници каде имавме можност и самите да ги имплементираме истите методи прво на постари лица со помош од тренерите, а подоцна се поделивме во неколку групи каде ние бевме тренерите на истите методи.
Работевме со бездомници, зависници и деца од различни возрасти. Навечер имавме меѓусебни презентации за земјите учесници во проектот“ – велат учесничките во проектот.
На овој проект ученичките од СОУ “Мирче Ацев” и менторот, успешно, меѓународно ги претставија гимназијата, градот и државата.