На левиот брег од реката Индигирка во Република Саха во Руската Федерација, се наоѓа замрзнатото кралство.
Во ладниот Ојмјакон владее континентална клима, ветер речиси и да нема, деновите се сончеви, а просечната влажност на воздухот е 71%. Најниската измерена температура во ова место е -67,7 степени Целзиусови. Околу 210 денови во годината ова место е под снег.
Меѓутоа, ова место е постојано живеалиште за околу 500 луѓе, кои претежно се занимаваат со сточарство и риболов. Тие се познати по долговечноста, што можеби и не треба да не зачудува, бидејќи тие дишат чист воздух, имаат кристално чиста вода и се физички активни.
Светските медиуми ја пренесуваа приказната за деведесетгодишниот пар Аријан и Афросинија, кои посвоиле девојче, иако се во поодминати години. Среќното семејство живее во јурта, шатор карактеристичен за ова подрачје.