Во тек е геофизичкото скенирање на археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“ во Кривогаштани

geofizicko-skeniranje-na-vrbjanska-702x336

Ова претставува нова етапа во истражувањето на овој локалитет и тоа преку примена на современи научни методи во македонската археологија. Ваквиот метод подразбира недеструктивно детектирање на подземни архитектонски структури присустни на предисториските, античките и средновековните наоѓалишта. Тоа овозможува мошне брзо документирање на организацијата на населбите и тоа без нивно ископување. Геофизичкото скенирање го изведуваат полски археолози во соработка со Центарот за истражување на предисторијата од Македонија, а коишто и претходно соработуваа на ваков вид истражувања во Пелагонија. Планирано е на овој начин да се истражат повеќе тумби во близина на локалитетот „Врбјанска Чука“ како и тврдината кај Локвени. Со оглед на нивната уникатност, резултатите добиени од овие истражувања ќе бидат публикувани во македонски и странски археолошки списанија, а ќе бидат презентирани и на неколку меѓународни конференции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.