Во 14,00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 56-годишната Н.А. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10 часот од страна на непознат сторител била измамена.
Сторителот дошол до дворот и ги прашал неа и нејзиниот сопруг дали им требаат дрва за огрев, по што нејзиниот сопруг побарал да ги види дрвата и со сторителот тргнале кон камионот.
По кратко време сторителот му ја кажал локацијата на дрвата и му рекол да оди, а дека тој ќе дојде.
Веднаш потоа, измамникот се вратил кон куќата на Н.А. и и рекол дека дрвата веќе се сечат и се товарат и и побарал 7.500 денари.
Откако ги зел парите заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.