ВМРО-ДПМНЕ: “Дали градоначалникот отпишал долгови на министер и вработени во локалната? Правдата ќе го стигне за брзо” (Видео)

На средбата деновиве помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, директорката на УЈП и угостителите од општината, првиот човек на Прилеп за медиумите изјави, цитирам: “На некој начин ја толерираме нивната, ако можам така да кажам злоупотреба на зголемениот простор од она што им е дадено. Но тоа го правиме во рамките на дозволеното“ – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“После оваа скандалозна изјава на Јованоски, јавноста остана во дилема за тоа како општината прави приоритет кои угостители и летни бавчи ги толерира, а кои од нив ќе мораат секогаш да бидат доследни до законите и прописите.

Што е тоа што според Јованоски е во рамките на дозволеното, за одредени угостители блиски до власта да се шират во централното градско подрачје и да го узурпираат јавниот простор?

Јавноста остана куса за одговор и за тоа кои се летните бавчи во старата чаршија кои општината ги толерира?

Колкава штета е направена врз буџетот на општина Прилеп со ваквото незаконско постапување и дали конечно некој ќе сноси одговорност?

Дали можеби локалите на луѓе вработени во општината и на министерот од СДСМ се во оваа листа на толеранција и непостапување од инспекциските служби?

Градоначалникот и МВР должат одговор и за немилите настани кои се случија пред повеќе од месец дена, кога во два наврати беше поставена бомба во локалот на истакнат член на СДСМ.

Дали е најден сторителот и дали граѓаните се безбедни кога се движат во централното градско јадро?

Дали требаше да настрадаат невини луѓе за вие и вашите функционери на власт да се ангажирате и да го пронајдете сторителот?

Заради сето ова и сите скандали кои секојднево ги тресат вашите фотељи на власт, ви доаѓа крајот!

Месеци се во прашање кога со државата ќе раководи одговорана политичка гарнитура која ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните, а бргу потоа на идните локални избори ќе дојде и вашиот крај на локално ниво”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.