Владини членови биле во контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче дали ќе се тестираат

Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство.

Ова го истакна минисерката за финансии Нина Ангеловка одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.

-Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ/ Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме го имаме министерот за здравство кој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени. Во Владата секако дека на дневно ниво сме во релација и ова на долг рок нема да го издржиме да беагаме еден од друг и во овој период мора да се заштитиме и затоа и кога ги имаме сотатноците сите седиме на два метра и сите носиме маски. Ако погледнете целата влада е адаптирна да ја држиме таа дистанца и да ги почитуваме сите препрораки и се што треба да преземеме, истакна Ангеловска.

Таа додаде дека ова е шанса да сите да ги трансформираме бизнисите, процесите, и можеби дел од нашето однесување. Порача да го искористиме карантинот за да придобиеме некоја нова вештина и да излеземе попаметни и подобри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.