Драги браќа и сестри. Во петок на 7ми, го славиме Светото Благовештение, кон Пресветата Мајка наша Богородица, што е и храмов празник на ова наше духовно светилиште, овој наш храм.
Со Божествената Света литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар.
Нека ни е напомош и сите заедно со нашиот архиереј, да се помолиме за поуспешни времиња, на Прилеп и прилепчани и за здравје и спасение на нашиот народ македонски – стои во соопштението на храмот Св. Благовештение – Стара црква од Прилеп.