Авион на Аеромексико кој превезувал 101 патник во северот на Мексико, се срушил во сојузната држава Дуранго.
“Контролата за летање забележа силни ветровити движења што би можело да е причината за оваа несреќа”, велат за “Си-Ен-Ен” властите во Дуранго.
Авионот се движел од Дуранго до Мексико Сити и ниту еден патник не настрадал од падот.
Во авионот се превезувале 97 патници и 4 луѓе на екипажот и за огромна среќа нема настрадани.
49 од патниците биле хоспитализирани, вклучувајќи го и пилотот, како и девојче кое доживеало опекотини.