Одделението за пољоделство во државата Вашингтон објави дека е уништено првото пронајдено гнездо на џиновски азиски стршлен во САД.
Меѓутоа, два дена по “уништувањето” 85 единки се и понатаму живи во долгата пластична цевка.
Потсетуваме дека ентомолозите ги фатија стршлените поставувајќи џем од јагоди како мамец. Потоа на нив ставиле уред за следење, па ги пуштиле и следеле.