Постојаното тpeceње на тлото под Хрватска предизвика нови штети и значително зголемување на бројот на дупки во близина на куќите, поради кои беше најавена евакуација на еден дел од населбата Петриња.
Шефот на Штабот за отстранување на последиците од земjoтpecoт, Томо Медвед, изјави дека на подрачјето на општината Кукурузари бројот на дупки во неколку дена порасна од 40 на 70.
Медвед вели дека забележано е ново тресење на тлото, па и потpecoт од 3.2 степени по Рихтер кој синоќа ја погоди Петриња, дополнително ја влоши состојбата.